Пазарниот инспекторат затвори угостителски објект во Врапчиште, бидејќи бил отворен во 23 часот – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/20 5:00 PM

Пазарниот инспекторат затвори угостителски објект во Врапчиште, бидејќи бил отворен во 23 часот

Државниот пазарен инспекторат затвори со налепница угостителски објект во селото Врапчиште, откако е констатирано дека сопственикот постапил спротивно на здравствените прописи за време на епидемија.

Случајот во полиција вчера околу 23 часот го пријавиле полициски службеници кои го затекнале внатре триесет и осумгодишниот сопственик на објектот, заедно со својот малолетен син и со уште четири лица – соопшти денеска МВР.

Увид е извршен од екипа од Полициска станица Гостивар.