Барањето и предлогот за отворање на ковид амбуланти од Здружението на матеични лекари произлезе од недостатоците во практичното работење со пацинетите со ковид, кои имаат потреба од медицинска грижа и од инфектолозите. Воспоставниот протокол во лекувањето на ковид болните од страна на матичните лекари треба да се унапреди со подобра комуникација на матичните лекари со инфектолозите, кои засега остануваат тешко достапни и за лекарите и за пациентите.
За ова во емисијата „Стадион“ на Канал 77, зборуваше д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на матични лекари, која рече дека сета медицина мора да функционира, а на матичен лекар доаѓаат и други пациенти освен тие со ковид, на кои треба да им се укаже сето внимание.