(Видео) Полни боци се симнуваат како празни -Директорот на штипската болница се сомнева на диверзија со боците кислород на Инфективното одделение – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/20 2:53 PM

(Видео) Полни боци се симнуваат како празни -Директорот на штипската болница се сомнева на диверзија со боците кислород на Инфективното одделение

Полни боци кислород се изнесуваат надвор од Инфективното одделение на Клиничката болница  – Штип, како да се празни, рече во емисијата „Стадион“ на Канал 77, директорот Ален Ѓеоргијев кој одговори на тврдењето на опозицијата во јавноста  дека болницата нема кислород, поради што пацинетите умираат.

Директорот Ѓеоргијев одговори и на тоа дали има медицински персонал, кој ги заобиколува своите обрски поради страв од ковид, за третманот на починатите, за поставувањето на мобилната болница, за употребата на респираторите, како и за финансиската состојба на  Клиничката болница. Ѓеоргиев направи споредба на периодот март – октомври лани и оваа година и кажа дека оваа година болницата остварила 207.000 евра помалку сопствени средства од партиципација.

-Борбата против корона вирусот, Клиничката болница од Штип ја чини 25 милиони денари, непланирани средства. Тука спаѓа набавката на кислород, како и заштитни средства и дезинфициенси, рече Ѓеоргијев.