Руските мировни единици веќе се распоредија во критичните региони, состјбата во Нагорно Карабах е смирена, но има многу семејни и лични драми. Ерменци што живеат на некои места, како во градот Карвачар, почнаа да ги палат своите куќи по објавувањето дека некои територии во таа област му се предаваат на Азербејџан.
Жителите на Карвачар изнесуваат покуќнина, мебел и животни од своите куќи пред да го напуштат градот. На северниот пат на Нагорно-Карабах има колони автомобили, како и минибуси и камиони.
Лидерите на Русија, Азербејџан и на Ерменија, Путин, Алиев и Пашинјан, на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на воените дејства во Нагорно Карабах.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера инзнесе информации дека во конфликот меѓу Азербејџан и Ерменија загинале повеќе од 4.000 луѓе, повеќе од 8.000 биле ранети и повредени, а неколку десетици илјади се раселиле.