Новинарот, Џефри Тубин доби отказ поради наводно, непримерно однесување за време на видео повик со своите колеги. Имено, тој го искористил видео колегиумот како соодветен момент за самозадоволување. На својот профил на Твитер тој ја потврди информацијата дека го отпуштиле поради тоа.
Добив отказ во Њујоркер после 27 години. Секогаш ќе го сакам овој печатен медиум, ќе ми недостигаат колегите и со задоволство ќе ги читам нивните текстови – напиша новинарот.
Весникот пак, во соопштението наведе дека по истрагата за видео снимката, одлучено е да го отпуштат Тубин.
За потсетување, минатиот месец тој беше суспендиран бидејќи мастурбирал пред колегите за време на видео состанок. Тубин, кој инаку е и коментатор за СиЕнЕн тогаш се извини и рече дека не знаел дека камерата му е вклучена, но и дека во прашање е срамна, глупа грешка.
Извор: srbijadanas.com


