Баклава со пет состојки: Сладок сочен „грев“, на кој нема да одолеете – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 9:54 PM

Баклава со пет состојки: Сладок сочен „грев“, на кој нема да одолеете

Доколку сакате баклава, овој рецепт ќе ве израдува бидејќи за него се потребни само 5 состојки, а и приготвувањето е многу брзо и едноставно.

Состојки:

450 грама ситно сечкани ореви

225 грама путер

350 грама мед

кори за пита

1-1/2 лажички цимет

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подмачкајте тава или каков било сад за печење (приближно 33 х 22 см).

Во  друг сад измешајте ги ситно исечканите ореви и циметот.

Стопете го путерот на тивок оган.

Одвиткајте ја кората од пита.

На дното од тавата ставете две кори и премачкајте ги со стопениот путер.

Повторете ја постапката уште 3 пати со две кори, размачкајте ја кората со путер.

Распоредете 8 лажици мешавина од орев и цимет рамномерно над кората, и посипете со две лажици мед.

Покријте со две кори, премачкајте ги со путер одозгора, па повторно истурете 8 лажици мешавина од орев и цимет и прелијте со 2 лажици мед.

Постапката повторете ја уште 6 пати (река ореви и мед, две кори премачкани со путер …)

Покријте со преостанатите кори за пита, размачкајте се’ со стопен путер.

Со остар нож исечете квадрати и печете во рерна на 180 целзиусови околу 25 до 30 минути.

Изладете ја баклавата пред да ја сервирате.

 

Извор:  stil.kurir.rs/trpeza