Рускиот комитет се очекува да одржи разговори со претставниците на турската дипломатија и одбрана, за напорите кои следуваат по прекинот на огнот во Нагорно Карабах, известува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, објави дека техничките разговори во Анкара со 20-члениот комитет ќе бидат први кои ќе бидат одржани по примирјето денеска помеѓу Азербејџан и Ерменија во нивната борба за Нагорно Карабах, меѓународно признатата територија на Баку.
Турција и Русија ќе разговараат за прашањата кои вклучуваат одлуки за тоа каде треба да бидат стационирани азербејџанските и ерменските страни според договорот, како и за големината на нивните сили и дејствијата што ќе ги извршат.
– Конфликт, мировен договор
Односите меѓу двете поранешни советски републики околу регионот Нагорно Карабах се тензични од 1991 година, но на 27 септември започнаа нови судири.
Судирите избувнаа на 27 септември и ерменската Армија продолжи со своите напади врз цивилите и азербејџанските сили, дури 44 дена, прекршувајќи ги договорите за хуманитарен прекин на огнот.
Баку ослободи неколку градови и речиси 300 од своите населби и села од ерменската окупација за тоа време.
Пред втората војна во Карабах, околу 20 отсто од азербејџанската територија се наоѓа под нелегална ерменска окупација речиси три децении.
Двете земји на 10 ноември потпишаа договор со посредство на Русија за да се стави крај на борбата и да се работи кон сеопфатно решение.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го поздрави договорот како победа за неговата земја и пораз на Ерменија, велејќи дека воениот успех на Баку му овозможи да добие предност за да се стави крај на тридецениската окупација на нејзината територија.
Во меѓувреме премиерот Пашинјан изјави дека потпишал „болен“ договор кој му овозможува на Азербејџан да преземе контрола на регионите кои ги повратил во борбата.
Турција, исто така го поздрави примирјето, велејќи дека тоа претставува „голема победа“ за Азербејџан.