Полицијата го приведе Агим Исмаиловиќ, ќе биде спроведен во Затвор Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 6:11 PM

Полицијата го приведе Агим Исмаиловиќ, ќе биде спроведен во Затвор Скопје

Полицијата го приведе Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите во случајот „Монструм”, откако денеска судот на барање на обвинителството му одреди мерка притвор.

– Лицето е обезбедено и ќе биде пренесено во КПУ Затвор Скопје, потврдуваат за МИА од МВР.

Во случајот „Монструм”, за петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени лицата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, се обвинети Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Случајот моментално е во фаза на доказна постапка, откако со одлука на Врховниот суд беше вратен на повторно судење во Кривичен суд Скопје.