Бројот на загинати во тајфунот Вамко на Филипините се зголеми на 39, спасени 100.000 луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 12:05 PM

Бројот на загинати во тајфунот Вамко на Филипините се зголеми на 39, спасени 100.000 луѓе

Бројот на загинати во поплавите предизвикани од тајфунот Вамко што ги погоди Филипините, се искачи на 39, пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Началникот на Генералштабот на Армијата на Филипините, Гилберт Гапај, истакна дека тимовите за пребарување и спасување продолжуваат со работа во филипинскиот главен град Манила кој беше погоден од овој тајфун.

Гапај информира дека во поплавите предизвикани од тајфунот загинале 39 лица, додека 32 лица се водат за исчезнати.

Според него, најмалку 100.000 луѓе биле спасени, од кои 41.000 во Манила.

Во 3,8 милиони домаќинства во Манила и околината има прекин на доставата на електричната енергија, додека прекината е и наставата во училиштата.

Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, истакна дека државните институции се ангажирани за нудење помош во зоните погодени од тајфунот, и дека на евакуираните лица ќе им биде обезбедено засолниште, како и материјална и духовна поддршка.