Социјалната мрежа Твитер вчера објави дека обележал околу 300.000 објави како контроверзни во последните две недели, чија содржина може да биде погрешна информација за претседателските избори во САД.
Таа социјална мрежа беше на удар на критичарите за време на изборите во 2016 година, кога тие рекоа дека дозволува ширење на непотврдени информации, па затоа овој пат, во врела политичка клима, се обиде да го намали бројот на објавувања за кои смета дека заведуваат луѓе во заблуда.
Една ваква објава доаѓаше на секои 500 твита од 27 октомври до 11 ноември, додава Твитер и посочува дека ќе продолжи да обележува контроверзни објави во иднина.
Напорите на Твитер беа највидливи кога станува збор за објавата на претседателот Доналд Трамп, кој исто така твитна во четвртокот за „наместени избори“. Под тоа соопштение стоеше предупредување – „Ова тврдење за изборна измама е контроверзно“.
Преземено од: http://rs.n1info.com/
“REPORT: DOMINION DELETED 2.7 MILLION TRUMP VOTES NATIONWIDE. DATA ANALYSIS FINDS 221,000 PENNSYLVANIA VOTES SWITCHED FROM PRESIDENT TRUMP TO BIDEN. 941,000 TRUMP VOTES DELETED. STATES USING DOMINION VOTING SYSTEMS SWITCHED 435,000 VOTES FROM TRUMP TO BIDEN.” @ChanelRion @OANN
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 12, 2020