Победата над Грузија од 0:1 во финалето од плејофот во Лигата на Нациите, ја вивна Македонија во фудбалските небеси и ја смести рамо до рамо со најквалитетните фудбалски колективи на „стариот континент”.
Денешниот ден ги дефинираше шесте групи за Европското првенство во 2021 година, а селекцијата на Македонија ќе ги одмери силите со Холандија, Австрија и Украина во Групата Ц.
Во Групата А, Турција ќе се сретне со Италија, Велс и Швајцарија, во Групата Б, скандинавското дерби помеѓу Данска и Финска ќе заземе место, а покрај нив шанса за нокаут фаза ќе бараат и Белгија и Русија.
Англија, Шкотска, Хрватска и Чешка ќе ги вкрстат копјата во Групата Д, додека пак Шпанија, Шведска, Полска и Словачка во Групата Е. Во „групата на смртта“, Групата Ф, Франција, Португалија, Германија и Унгарија ќе се борат за првите две позиции на табелата.
Момците на Игор Ангеловски за првпат ќе дебитираат на Европското на 13 јуни во Букурешт против репрезентацијата на Австрија од 18:00 часот. На „Националната Арена“ во Букурешт на 17 јуни од 15:00 часот ќе се соочиме со Украина, а последниот меч во групата ќе го одиграме на „Јохан Кројф Арената“ во Амстердам против репрезентацијата на Холандија на 21 јуни од 18:00 часот.