Европската комисија објави дека не може да ја соопшти цената по која се набавуваат потенцијалните вакцини против ковид-19, бидејќи се работи за принцип на заштита на процесот на тендерските набавки.
„Цената на вакцините е дел од потпишаните договори меѓу Комисијата и компаниите, но оваа информација не е јавна“, изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер. Додека траат преговорите за комерцијалните договори и тоа со повеќе компании, информациите се од доверливо значење за да нема влијание на исходот од преговорите.
Мамер истакнува дека доверливоста околу документите е стандардна процедура која ја применуваат фармацевтските компании во потпишувањето договори со сите земји.
Не се во пршање само интереси од договорно-комерцијален карактер, туку мораме да бидеме внимателни и во текот на преговорите да не дозволиме компаниите да ги одбираат најдобрите услови – вели европската комесарка за здравје, Стела Киријакидес.
Европската комисија одобри четири договори за набавка на вакцини.
Покрај одобрениот договор со компанијата Фајзер, ЕК потпиша договори за набавка на вакцина и со фармацевтските куќи Астра Зенека, Санови и Џонсон и Џнсон.
Набавката на вакцина се фокусира на производителите од европско тло , согласно стратегијата на ЕК за вакцинација.
Извор: vijesti.me