Ненадејно утрово засекогаш замина уште една легенда на загрепски „Динамо“ и на екс-ју фудбалот, Краснодар Рора, кој играше во 1960-тите и на почетокот на на 1970-тите, а со „Динамо“ го освои и тогашниот Куп на велесаемските градови. Рора е роден во 1945 година на островот Вис.
Тој неполни 48 часа порано, во вторникот, со солзи во очите и со тежок глас, на погребот се прости од својот соиграч и капитен Славен Замбата, исто така легендарен врвен фудбаер.


