Почина Елена Ѓоргоноска-Маневска, заменик-народен правобранител во подрачната канцеларија Штип – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/20 12:54 PM

Почина Елена Ѓоргоноска-Маневска, заменик-народен правобранител во подрачната канцеларија Штип

Почина Елена Ѓоргоноска-Маневска, заменик-народен правобранител во подрачната канцеларија Штип.

– Со длабока тага и искрено жалење ја примивме веста дека во вторникот- 10 ноември почина нашата колешка Елена Ѓоргоноска-Маневска. Елена ќе ја паметиме како динамична, насмена исполнителна и упорна во својата работа, информираат од прес-службата на Народниот правобранител.

Елена Ѓоргоноска-Маневска од 2013 година ја извршуваше функцијата заменик-народен правобранител во подрачната канцеларија Штип.