Српскиот фудбалер Душко Тошиќ наводно станал сопственик на стан во новоизградена зграда во близина на Храмот Свети Сава Белград. Душко барал стан долго време, а овој стан во двонасочна улица многу му се допаднал.
Фудбалерот ангажирал дизајнер на ентериер, а имал само едно барање, а тоа е детските соби да гледаат во храмот.
Тошиќ наводно не штедел пари кога станува збор за овој имот, бидејќи се знае дека становите на оваа локација чинат и до 3.000 евра за метар квадратен. Ако земеме предвид дека станот има 100 квадратни метри, овој имот најверојатно го чинел околу 300.000 евра.
Фудбалерот веќе поседува стан на Дедиње, каде со години живеел со своето семејство, а пред неколку години од Драган Стојковиќ Пикси купил вила за која платил два милиони евра. Покрај ова, Тошиќ поседува и локали во поширокиот центар на градот што ги изнајмува.
Извор:srbijadanas.com
Фото: fanatik.com.tr


