За уживање во есенските денови: Ароматичен чај од мандарина – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 9:15 PM

За уживање во есенските денови: Ароматичен чај од мандарина

Есента и зимата се период од годината кога многумина уживаат во вкусот на мандарината. Ова сезонско овошје има прекрасен вкус, но и самата кора може да се искористи и тоа за чај, кој има лековити својства.

Кората од мандарината е корисна за човековото здравје поради големата количина на витаминот Ц што ја поседува. За да приготвите ваков чај потребно е да ја излупите мандарината и да ја исушите кората (ова може да го направите во рерната од шпоретот која ќе ја вклучите на ниска температура меѓу 33 и 60 степени).  За чај, потребно е да ставите во шолја неколку суви парчиња од кората, а потоа да ги прелиете со врела вода. По ова, поклопете ја шолјата и почекајте неколку минути, а потоа уживајте во вака приготвениот топол напиток.

Кората од мандарината можете да ја скомбинирате и со други чаеви, меу кои и црниот чај со чија помош се регулира шеќерот во крвта.

 

Извор:  informer.rs