Колачите со јаболка и ореви секогаш не’ враќаат во детството потсетувајќи не’ на убавиот мирис на колачите создадени од нашите баби. Јаболката и оревите создаваат неодолива есенска комбинација на вкус и мирис. Овој рецепт се вборјува во оние „проверени класики“ и секогаш повторно и повторно воодушевува со својот вкус – совршено е мек и сочен, идеален е за уживање во топлиот дом со шолја кафе или чај.
Потребни намирници:
100 гр омекнат путер, 100 гр шеќер, 100 гр кафеав шеќер, 2 јајца, ¼ лажици екстракт од ванила, 150 гр брашно, 1 лажица прашок за печиво, ¼ лажици сол, 2 излупени и сецкани јаболка, 50 гр сецкани ореви.
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапот обложете го со хартија за печење. Во голем сад изматете ги омекнатиот путер и шеќерот, користејќи електричен миксер подесен на средна брзина.
Потоа мешајте ги јајцата едно по едно, а на крај додадете ги екстрактот од ванила, прашокот за печиво, циметот и солта. Во оваа смеса додадете ги сецканите јаболка и оревите и истурете ја во калапот за печење. Печете 40 до 45 минути и оставете го колачот десетина минути да се олади. Топлиот колач исечете го на парчиња, а по желба послужете го со сладолед.
Извор: kurir.rs