Вакцинацијата против ковид-19 би можела да биде задолжителна: Србија подготвува законски измени – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 7:01 PM

Вакцинацијата против ковид-19 би можела да биде задолжителна: Србија подготвува законски измени

Законските измени за заштита на населението од заразни болести, за кои оваа недела ќе расправаат српските пратеници, предвидуваат меѓу другото, дека поради епидемијата, препорачаната или задолжителна итна вакцинација против заразни болести може да се утврди за сите или за одредени категории на население. Измените и дополнувањата на ова релативно ново законско решение се наметнаа поради оние кои ги кршат мерките за заштита од ковид-19.

Така, според новиот закон, кога тој ќе биде донесен и ќе започне да се применува, сите оние кои се позитивни на САРС-КоВ-2, но без симптоми или со лесна клиничка слика на болеста, ќе мораат да бидат изолирани домот. Оваа мерка ќе важи за сите заразени лица кои не се во болница, а ќе се реализира по препорака на специјалист за заразни болести или друг лекар, кој ќе мора за ова да ја извести и надлежната епидемиолошка служба – пишува Новости.

Измените и дополнувањата на Законот предвидуваат дека ресорниот министер ќе може да донесе одлука за ограничување на слободата на движење во сите институции за колективно сместување, а санитарната инспекција ќе биде надлежна за контролата на оваа мерка.

Исто така, ќе се контролира и почитувањето на оние мерки што спаѓаат во лична заштита, односно носење маска во затворени простории, како и на отворено, доколку е така пропишано. Тие ќе бидат контролирани од „здружените сили“ на санитарната инспекција, комуналната инспекција и комуналната полиција.

За непочитувањето на мерките, покрај парична казна за физичко лице во износ од 5.000 динари, предвидени се и казни за правни и одговорни лица, од 30.000 до 300.000 динари.

Вакцинацијата може да биде задолжителна

Измените и дополнувањата на Законот предвидуваат дека поради епидемијата може да се утврди препорачана или задолжителна итна вакцинација против заразни болести за сите или за одредени категории на население. Додека за сите други вакцинации трошоците се регулирани со законите за здравствена заштита и здравствено осигурување и се плаќаат од страна на осигуреникот, специјалната имунизација за време на пандемијата може да се финансира од буџетот на Србија, во согласност со посебен акт на Владата.

 

Извор:      informer.rs