Тројца со потврдено присуство на корона вирусот и еден суспектен случај починаа во текот на изминатото деноноќие на Клиничката болница во Штип. Починати се 52-годишен од Кочани, 68-годишен пацинет од Радовиш и 71-годишен пациент од село Дедино, Општина Конче. Починат е уште еден суспектен пацинет.
Почината е 50-годишна жена од Штип, чија состојба се влошила последните три дена. Во Штип со вчерашните 33 новозаболени, активни се вкупно 417 случаи.