Вработени од Инфективното одделение при штипската Клиничка болница пријавиле дека едно лице агресивно се однесувало кон персоналот. Нападно и агресивно се однесувал и кон лекарката која што била на смена. Дваесетидевет годишниот штипјанец сакал насилно да влезе на Инфективното одделени по информацијата за починато лице, блиско на неговото семејство.
„На 09.11.2020. во 16.25 часот во СВР Штип, вработен во Клиничката болница Штип, пријавил дека Х.Х. насилно сакал да влезе во Инфективното одделение и се однесувал агресивно кон медицинскиот персонал, а во 20.00 часот и лекарката која извршувала работни задачи на одделението пријавила дека околу 16.15 часот, Х.Х. агресивно се однесувал кон неа,“информираат од Полицијата.
Се работи на комплетирање на случајот, по што против Х.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.