Саеб Ерекат почина од Ковид 19 -палестинскиот преговарач во мировнио процес со Израел – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 11:15 AM

Саеб Ерекат почина од Ковид 19 -палестинскиот преговарач во мировнио процес со Израел

Главниот палестински преговарач во мировниот процес со Израел, Саеб Ерекат почина денес од Ковид-19 на возраст од 65 години, беше објавено од неговото движење „Фатах“.

Ерекат беше генерален секретар на Палестинската ослободителна организација и член на нејзината највлијателна фракција „Фатах“.

Тој силно се залагаше за решавање на конфликтот со Израел со две држави и беше остар критичар на имиграциската политика во окупираната земја. Тој тврдеше дека тоа може да ги уништи шансите за постоење на одржлива Палестина.

Ерекат на 8 октомври потврди дека е заразен со вирусот корона. Во 2017 година, тој беше подложен на трансплантација на белите дробови во САД, што го ослаби неговиот имунолошки систем.

Минатата недела тој беше итно пренесен од неговиот дом во Ерихон на Западниот брег во медицинскиот центар Хадасах во Израел. Лекарите го поврзале на респиратор и го ставиле во вештачки предизвикана кома откако неговата состојба се влошила.

Преземено од: https://vijesti.ba/