Страшно злосторство: Исламисти обезглавиле повеќе 50 луѓе во Мозамбик – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 10:48 AM

Страшно злосторство: Исламисти обезглавиле повеќе 50 луѓе во Мозамбик

Милитантни исламистички терористи, поврзани со Исламска држава, им ја отсекле главата на повеќе од 50 луѓе. Исламистите ги донеле жртвите на фудбалски терен во селото Муатиде на северот на африканската држава Мозамбик и нанего ги масакрирале недолжните луѓе,кои претходное обиделе да побегнат, биле фатени и егзекутирани Нападот почнал во петокот вечерта,а завршил во неделата.

Тамошните медиуми пренесуваат дека исламистите извеле напади и во неколку други села во кои,исто така, обезглавиле луѓе.

Овие обезглавувања се најнови во низата на брутални напади кои го шокираа светот, а ги изведуваат исламистите во провинцијата Кабо Делгадо од 2017-та година досега. Владата на Мозамбик апелира да реагира меѓународната заедница и да го сопре насилството кое ја тресе земјата. Владата тврди дека на нивните војници им е потребна посебна обука за борба против исламистите.