Бившата за Трамп: Тој е лош губитник, но мора да се повлече и да признае пораз – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 10:24 AM

Бившата за Трамп: Тој е лош губитник, но мора да се повлече и да признае пораз

Резултатите од претседателските избори во САД ги коментираше и поранешната сопруга на Трамп Ивана, која изрази желба целата гужва да заврши што е можно побрзо, но исто така се сомневаше дека Трамп лесно ќе се откаже.

“Тој е лош губитник. Не сака да губи така што ќе продолжи да се бори, да се бори и да се бори”, изјави Ивана за списанието „Пипл”.

Таа додаде дека сè уште се надева дека ќе се соочи со реалноста и ќе се повлече.

“Тој мора да се повлече и да објави дека  изгубил”, вели Ивана, додавајќи: “Само што сакам сето тоа да заврши што е можно побрзо, на еден или друг начин. Не ме интересира воопшто”.

Таа исто така рече дека нејзините деца Ерик, Доналд јуниор и Иванка се чувствуваат добро и едвај чекаат да ја напуштат Белата куќа.

“Мислам дека уживаа да бидат со Доналд и да учествуваат на изборите, но сега е готово. Не сум сигурна какви се нивните планови, но само сакам да продолжат со нивниот нормален живот. Не со животот во Вашингтон, но во Њујорк или каде што сакаат, но да водат нормален живот “, рече таа.

Ивана исто така предвиде дека ова може да биде крај на политичката кариера на Трамп.

“Мислам дека нема избор. Мислам дека ќе оди на Палм Бич, ќе игра голф и ќе живее нормален живот. Тоа е најдоброто што може да го направи. Тој мрази да губи, сигурна сум во тоа. Ако изгубил – изгубил. Има доволно пари, доволно места каде што може да оди и да ужива во неговиот живот “, заклучила таа.

Ивана беш е во брак со Трамп 15 години, од 1977 до 1992 година, и заедно имаат три деца.

Извор и фото: index.hr