Ерменија и Азербејџан поптпишаа примирје, незадоволство и немири во Ереван – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 9:11 AM

Ерменија и Азербејџан поптпишаа примирје, незадоволство и немири во Ереван

Лидерите на Ерменија, Азербејџан и на Русија потпишаа договор за ставање крај на борбите за отцепениот регион Нагорно Карабах, почнувајќи од денес, а тоа предизвика немири во ерменскиот главен град. Синоќа демонстрантите упаднаа во зградата на парламентот и го претепале претседателот.

. Ерменскиот премиер Пашинијан најпрво го објави договорот на социјалните мрежи, велејќи дека тој потпишал изјава со претседателите на Русија и Азербејџан за „прекинување“ на војната во Нагорно Карабах од 1 часот по полноќ. Рускиот претседател Путин и претседателот на Азербејџан  Алиев подоцна го потврдија договорот, кој вклучува и долгорочно распоредување на руски мировници.

До ова дојде во моментот кога азербејџанските сили остварија забележителен напредок на бојното поле во шестнеделните борби во деценискиот конфликт, вклучувајќи ги и извештаите дека се приближувале кон главниот град на регионот, Степанакерт.

„Донесов многу тешка одлука за себе и за сите нас. Оваа одлука ја донесов како резултат на длабинска анализа на воената состојба и проценка на луѓето кои тоа најдобро го знаат“, напишал Пашинијан на Фејсбук.

Реакциите од најавата во Ереван беа брзи, бидејќи неколку илјади демонстранти лути поради договорот упаднаа во зградата на владата, а опозицијата го повика Пашинијан да си даде оставка.