Некогашниот кошаркар на Партизан „држи цена“ на НБА пазарот – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/20 8:42 PM

Некогашниот кошаркар на Партизан „држи цена“ на НБА пазарот

Некогашниот кошаркар на белградски Партизан и Басконија, Давис Бертанс ќе биде мета на многу НБА тимови на пазарот пред почетокот на новата 2020/21 сезона.

Латвиецот летово стана слободен играч и негова примарна желба е склучување договор со неговиот довчерашен клуб Вашингтон Визардс, но засега челниците на Визардси немаат за него конкретни намери. Таквата ситуација одблизу ја мониторираат добар дел од тимовите во лигата, кои се подготвени да понудат „sign-and-trade“ предлози, бидејќи немаат простор за негово директно ангажирање.

Од друга страна, Феникс Санс, Атланта Хоукс и Њу Јорк Никс, дел се од франшизите кои имаат „cap space“ и планираат жестока битка за неговиот потпис.