Барселона викендов убедливо го доби Бетис со 5:2, но во победата против зелено-белите го загуби еден од најдобрите поединци сезонава, напаѓачот Ансу Фати.
Осумнаесетгодишниот новопечен шпански репрезентативец, уште на полувремето беше заменет со Лео Меси, откако почувствувал болки и непријатност во левото колено.
Лекарскиот тим на Барселона денес го оперираше неговото колено, а проценките за целосно заздравување се движат од три до четири месеци, известија од фудбалскиот клуб Барселона на официјалниот веб-сајт.
Во седум одиграни меча, Ансу Фати е најдобриот стрелец за Каталонците со постигнати четири погодоци.


