Тестирање со брзи антигенски тестови од денеска на шест пункта во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/20 5:51 PM

Тестирање со брзи антигенски тестови од денеска на шест пункта во Скопје

Министерството за здравство информира дека од денеска на шест пункта во Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Тестирањата се вршат во поликлиниките „Ѓорче Петров”,  „Чаир”, „Ченто”, „Бит Пазар”, „Јане Сандански” и „Млин Балкан”.

– Овие тестови се за детектирање на коронавирусот, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути. Брзите тестови ги закажува матичниот лекар, според претходно одреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19 да не траат подолго од пет дена од почетокот до тестирањето. Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на СЗО, а матичниот лекар според земената анамнеза прави процена дали на пациентот ќе му се земе брис за ПЦР тест или за антигенски брз тест, објаснуваат од Министерството за здравство.

Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку „Мој термин”. Од Министерството напомнуваат дека и доколку брзиот тест е негативен, но симптомите сугерираат на Ковид-19, тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест.

– Брзите тестови ќе го зголемат капацитететот за тестирање на коронавирусот. Министерството за здравство се труди за што поголем број на тестирања се со цел регистрирање на позитивните случаи и ниво навремено третирање и изолирање од околината. Министерсвото за здравство континуирано ќе го зголемува капацитетот како на тестирање со ПЦР така и на тестирање со брзите тестови на територијата на целата држава, информираат од министерството.