Ајрис се омажи за својот многу помлад љубовник, а двајцата тврдат дека уживаат во заедничките моменти!
Мохамед Ахмед Ибрахам (35) од Египет ја освои 80-годишната Ајрис Џонс од Велика Британија, толку многу што откако ја запозна на Фејсбук, одлета во Египет за да биде со него!
Двајцата сега се во брак, и иако многу сомнително го гледаат Мохамед, тој тврди дека навистина ја сака Ајрис.
„Не сакам државјанство или пари, убаво ми е вака, работам, имам свои пари“, тврди тој.
Двајцата прво започнале да се допишуваат преку Фејсбук група минатата година, а потоа Ајрис заминала во Египет за да се сретне лично.
“Тогаш бев многу нервозен, но штом ја видов за прв пат, знаев дека е вистинска љубов. Јас сум многу среќен човек што најдов ваква жена!”, вели Мохамед.
Тој работел како инструктор за готвење, но се откажал од таа работа за да помине време со Ајрис кога таа заминала во Каиро.
Инаку, тој живее во трособна куќа со неговите родители, две сестри и брат и сите се помлади од него, но тој тврди дека е со Ајрис исклучиво од љубов.
Заљубената баба, пак, од другата страна е поранешна чистачка, која живее во бунгалов вреден 240.000 евра, додека нејзините неделни примања се пензија од околу 220 евра и надоместоци за попреченост.
“Не ми е гајле колку е богата или сиромашна, само сакам да бидам со неа. На крајот на денот, во која земја ќе одлучи да живее, тоа е нејзин избор – тоа може да биде Британија или Египет”, вели младоженецот.
“Луѓето мислат дека сум со неа од погрешни причини. Знам дека Британија е прекрасна земја и многу луѓе сакаат да одат таму, но не ми е гајле. Подготвен сум да живеам со неа на кое било место во светот”.
Мохамед рече дека ја запознал својата сопруга со неговата мајка и дека двете се согласуваат многу добро, иако меѓу нив постои јазична бариера.
Необичниот пар гостуваше во емисијата „Ова утро“ на почетокот на оваа година, каде откри и детали за сексот.
“Беше болно за прв пат, никој не ме допрел 35 години, мислев дека сум повторно девица! Може ли да ти кажам што направивме? Ние го конзумиравме целиот пакет лубрикант”, рече Ајрис, додека домаќините се смееја.
“Следниот ден не можев да одам … како да сум јавала коњ! Ме болеше карлицата, но добро, го преживеавме тоа”, додаде таа.
Коментирајќи го фактот дека неговата сопруга е 20 години постара од неговата мајка, Мохамед истакна дека “се разбира дека на луѓето тоа им е чудно, но љубовта е слепа. Кога мажот ќе се за заљeуби во жена, не е важно колку години има или како изгледа таа”.
Преземено од: https://mondo.rs


