ВИДЕО: Што сакаше Киеран Тирни да направи? – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/20 3:58 PM

ВИДЕО: Што сакаше Киеран Тирни да направи?

Арсенал, на веројатно „најарсеналски начин“ откако минатото коло го победи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ и навистина беше подобар противник, во осмото коло од Премиер Лигата загуби на домашен терен од Астон Вила со 0:3.

Оли Воткинс во два наврати и египетскиот интернационалец Трезеге, беа кобни по чуварот на мрежата Лено, а само ВАР-собата и неодлучноста во делувањето уште во првата минута од мечот, го спаси Арсенал од уште поголем пораз и посрамен резултат.

За тоа како Арсенал го одигра овој дуел, не треба многу да се дискутира и опишува. Доколку некој сака да биде поштеден од пошироко објаснување и анализа, а нема време или не сака да го троши, доволно е само да му се покаже следното видео. Одличен показател на начинот на игра и изданието на тимот на Микел Артета.