СВР Штип: 23 возачи останале без возачки дозволи, возеле пијани – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/20 1:54 PM

СВР Штип: 23 возачи останале без возачки дозволи, возеле пијани

Во полициски контроли за време на викендот, полицијата регистрирала 23 возачи кои што возеле под дејство на алхохол. На овие возачи времено им биле одземени возачките дозволи.За време на полициските акции казни се изречени и за 76 останато прекршоци.

„СВР Штип, на 07.11.2020 во периодот од 16.00 до 21.00 часот и на 08.11.2020 во периодот од 16.00 до 22.00 часот, спроведе акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола кај 23 било утврдено присуство на алкохол, сите биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им биле записници за констатиран прекршок,“ информираат од СВР Штип.

Во текот на изминатиот викенд, според статистиката на МВР, за периодот  (06/07/08/09.11) на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирарни се 121 прекршок.

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 143 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 1257 лица со вакви решенија  и притоа било констатирано едно непочитување на решениeто.