Црни спомени од распдаот на СФРЈ: На денешен ден е урнат познатиот мост во Мостар – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/20 11:51 AM

Црни спомени од распдаот на СФРЈ: На денешен ден е урнат познатиот мост во Мостар

Меѓу злосторствата од воените судири при распадот на СФРЈ имаше и многу врз објекти од историското и културното наследство. Меѓу нив е и уривањето на познатиот Стар мост во Мостар, Босна и Херцеговина, кое се случи на денешен ден пред 27 години.

Падна откако истрпе илјада проектили истрелани од позициите на ХВО, а Хашкиот суд донесе одлука со која Стариот мост е прогласен за легитимна воена цел, па за неговото уривање не одговараше никој, пишува сараевско “Ослобоџење“.

Во 2004 година, на местото на стариот беше направен нов мост.

„Мостот е мост, а дали ќе не’ обединува е работа на нашите глави. Тие што го сакаа оној мост, ќе го сакаат и овој. Оние, пак, што не го сакаа оној мост, нема да го сакаат ни овој“, рече во 2004 година, на отворањето на новиот мост, легендарен скокач на познатите скокови од мостарскот мост.

Новиот мост во Мостар