30 исламисти се упасени од австриската полиција – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/20 10:39 AM

30 исламисти се упасени од австриската полиција

Австриската полиција денеска претпладне спровела акција во четири покраини против лица и здруженија кои го поддржуваат Мислиманското братство и Хамас.

Државното обвинителство во Грац нареди истрага против 70 осомничени, а како резултат на таа акција беа извршени претреси во 60 станови, куќи, деловни простории и просториите на здружението.

Како резултат на претресот, 30 лица биле лишени од слобода, односно биле однесени на итно сослушување.

Обвинителството во Грац изјави дека спроведува истрага против повеќе од 70 осомничени и неколку здруженија и компании, поради сомневање за терористичко здружување, финансирање тероризам, здружување против безбедноста на земјата и криминална организација и перење пари.

Беше посочено дека оваа акција нема никаква врска со терористичкиот напад во Виена на 2 ноември, но станува збор за акција што резултираше врз основа на сеопфатна и интензивна едногодишна истрага.

„Ние работиме против криминални, екстремистички организации со полна сила и сите можни средства за владеење на правото“, нагласи министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер.

Тој пренесе дека интензивната работа на полицијата успеала да удри против плодната почва на екстремизмот.

Министерката за интеграција Сузана Раб рече дека тоа е многу важен удар против екстремистичките идеологии.

“Со оваа акција против Муслиманското братство, ние покажуваме дека водиме сериозна борба против радикалните, екстремистички идеологии. Нема да дозволиме екстремистички идеологии да се шират низ Австрија”, рече таа.

Таа посочи дека од гледна точка на интеграција, многу е опасно доколку влијанието на политичкиот ислам од странство, преку здруженија како што е Муслиманското братство, стигне до Австрија.

Полициската акција беше спроведена на исток и југоисток од Австрија.

Акцијата започна околу пет часот наутро, а во неа учествуваа околу 100 чувари.

Полициската акција во провинциите Виена, Штаерска, Долна Австрија и Каринтија, при што беа запленети електронски уреди и документи, заврши околу 08:30 часот.

Преземено од: https://www.b92.net