Пандев ќе ја предводи Македонија против Грузија – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/20 9:25 PM

Пандев ќе ја предводи Македонија против Грузија

Италијанските медиуми јавуваат дека дел од клубовите нема да им дозволат настап на своите играчи да настап за репрезентациите, проблем е протоколот во Италија поради коронавирусот.

Горан Пандев наводно е под знак на прашање, сепак капитенот на македонската репрезентација ќе се појави на собирот на репрезентацијата во Скопје.

Правилата на УЕФА се јасни и во услови на пандемија, репрезентативците мора да се јават на подготовки, клубовите немаат право да ги стопираат.

Ова значи дека Пандев, Елмас и Несторовски ќе бидат на располагање на селекторот Игор Англеовски за историскиот дуел против Грузија во четврток во Тбилиси.

Подготовките на македонската фудбалска репрезентација започнуваат од утре.

дриблинг.мк