Во Тетово веќе неколку недели не се спроведуваат никакви активности за третирање на бездомните кучиња – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/20 7:54 PM

Во Тетово веќе неколку недели не се спроведуваат никакви активности за третирање на бездомните кучиња

Во Тетово веќе неколку недели не се спроведуваат никакви активности за третирање на бездомните кучиња. Во повеќето рурални општини во полошко пак за овие животни воопшто никој не води грижа.

За општина Тетово има објавено три тендери за заловување и третирање на кучињата скитници. Но според ветеринарната амбуланта, која ги има добиено и трите тендери се работи за мала сума на пари кои брзо се трошат и активностите не се спроведуваат докрај. Проблемот според нив треба да се решава на државно ниво, за да може во сите општини да се третираат бездомните животни.

Проблемот со бездомните животни е стар неколку децении.Досега општините од полошко не најдоа заедничко решение за справуавње со проблемот,а граѓаните се соочуваат со безброј проблеми.

Од Центарот за полошкиот плански регион во неколку наврати најавија дека се планира на проблемот со кучињата скитници да му се пријде регионално , но досега ваквиот пристап го има само во ветувањата на надлежните.