Концернот „Калашников“ доби нов сопственик – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/20 8:30 PM

Концернот „Калашников“ доби нов сопственик

Нов доминантен сопственик на рускиот концерн „Калашников“ е поранешниот руски заменик-министер за транспорт Алан Лужников, објавува весникот „Комерсант“.

Лужников ја презел компанијата TKH-Invest LLC, која контролира 75 проценти минус една акција од концернот преку TKH. Тој потврди дека навистина го презел „Калашников“ и најави дека планира да ја развие и насоката на цивилните производи во рамките на концернот, меѓу кои и производството на електрични возила.

Останатите 25 проценти плус една акција му припаѓа на „Ростех“, државна холдинг компанија специјализирана за консолидација во стратегиски важни компании, главно во одбранбената и високотехнолошката индустрија.

„Ростех“ за медиумите го потврди договорот со Лужников, потенцирајќи дека немаат намера да го намалуваат својот удел затоа што „Калашников“ е стратегиска државна сопственост.