Турција ветува помош за БиХ за набавка на вакцина против коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/20 6:13 PM

Турција ветува помош за БиХ за набавка на вакцина против коронавирусот

Турција во следните месеци ќе добие вакцини против коронавирусот, а дел од вакцините ќе и бидат доделени на Босна и Херцеговина. За ова, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го информирал претседавачот со Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ.

„Туција досега и’ помагаше на Босна и Херцеговина во борбата против коронавирусот и тоа ќе продолжи. Турција многу брзо ќе добие вакцина, а подготвеноста за таа помош и денес беше искажана, со тоа што таа ќе ја опфати и вакцината“, појасни Џаферовиќ.

Ердоган повтори дека Турција ги поддржува стабилноста и мирот во БиХ,  реформите и суверенитетот на земјата – додаде тој.

Последиците од пандемијата со ковид-19 беа тема на денешната средба меѓу Ердоган и Џаферовиќ која се одржа во Истанбул.

 

 

Фото:  iletisim.gov.tr

Извор:    vijesti.ba/clanak