Село Синичане по две децении доби чиста вода за пиење – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/20 4:35 PM

Село Синичане по две децении доби чиста вода за пиење

Во време на пандемија, но и веќе две децении на жителите од тетовското село Синичане кое припаѓа под Општина Боговиње, наместо чиста вода за пиење од чешмите им протекуваа фекалии. Денеска кончено се реши проблемот. Градоначалникот Аљбон Џемаили го пушти во употреба новиот водовод, на чија изградба се противеа и дел од централната власт, но и мештаните од соседното село Урвич.

Жителите велат дека овој ден е значен за нив, затоа што водата која живот значи посебно во период на пандемијата, конечно ќе ја имаат дома.

Водоводот за село Синичане започна да се гради во јули годинава. Но од полицијата беа спречувани градежните активности.Тогаш градоначалникот Џемаили истакна дека ваквите стопирања имаат политичка заднина, но конечно истакна на крај преовладал разумот.

Инаку, во Општина Боговиње, како што соопштија, се работи и на изградба на други водоводи за другите населени места кои и’ припаѓаат на општината.

З.Д.