Со него доживеав радост, тага, болка, очај, но и гордост – Пејачката Ребека го прослави 14. роденден на синчето Маркијан – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/20 9:04 PM

Со него доживеав радост, тага, болка, очај, но и гордост – Пејачката Ребека го прослави 14. роденден на синчето Маркијан

Маркијан, најстарото синче на пејачката Ребека денес наполни 14 години.  За неа и сопругот Милан ова е голем ден, голема радост, особено затоа  што кога се роди лекарите  не предвидуваа дека  ќе зборува и ќе оди.  Денес тој е момче, кој и покрај  сите потешкотии чекори среќно понатаму низ животот.

-Среќен да си секогаш. Само тоа се важи. Најсакан и најубав наш. Ѕвездичке наша, напиша мама Ребека за роденденот.

А тој поради пандемијата помина роденденска забава поразлично од сите други, што како и секое дете малку го растревожило Маркијан.

-Малку се растревожи кога сфати дека дома ќе го слави. Навикнат е да одиме во игоротека со деца. А денес дома сме  сите ние, а на гости само двете баби. Тоа е во оваа ситуација,  доволно е. Дуваа свеќи,  се радуваа. Купивме балони, наполнивме  чинии со чипс, кој инаку не смеат да го јадат и се пресреќни. Доби подароци, но најмногу се израдува на кока- кола и чоколадо, бидејќи и тоа не им даваме да  јадат. Деца како деца, вели Ребека и додава:

-Поминаа14 години. Мене животот ми се дели на пред и по  Маркијан. Со него се и сешто доживеав. И радост и тага и болка и очај, но и гордост. Сите чувства измешани. Имаше моменти и кога мислевме дека ќе го изгубиме, до кај петата,  шестата година. Многу трчање по лекари и терапии за да дојдеме до оваа фаза. Сега е добар, и покрај прогнозите дека тешко ќе зборува и дека ќе оди. Ете на тоа сме горди, дека дојдовме до ова ниво на развој и дека тој е среќен со нас. Јас го разгалувам, сакам се да му биде по мерка. Се давам себе си на сите троица, и на Макариј и Доротеј,  ама на Маркијан посебно. Нека се живи и здрави сите троица.  Малите се разбрани и добро е што се двајца и што го имаме кучето Раф.  Маркијан е сега седмо одделение и за жал нема програма за вакви деца, ниту видеа. Тој реално не може да ја следи наставната програма. Ни праќаат некои песнички. Ние си имаме асистент и тоа е. Но, денес е роденден, за овие  проблемите ќе зборуваме од утре, вели Ребека.