Словенечката полиција употреби водени топови против група демонстранти кои ги нападнаа полицајцитe се камења и пиротехнички средства. Во центарoт на Љубљана на неколку места се собрале по неколку десетици демонстранти кои вечерва излегле на протест поради состојбата со коронавирусот во Словенија и мерките на Владата.
Преку социјалните мрежи, протестот го организирале неколку групи, меѓу кои и тие што сметаат дека пандемијата на коронавирусот е дел од „светската завера“, јавуваат словенечки медиуми.
Ситуацијата ескалирала кога полицијата почнала да апси демонстранти и да истрелува топовски удари. Центарот на Љубљана го надлетувале и хеликоптери.