Во текот на вчерашниот ден во 14.15 часот полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Т.П.(39) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Кочани. Кај приведениот битолчанец биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела.
Против Т.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.