Три лица починале на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница, вели извештајот за вчерашниот ден, во кој се опфатени податоците за изминати 24 часа.
Починатите лица се од Пробиштип (71),Кочани (72) и на триесет и осумгодишна возраст починал пациент од Виница.
Пациентите од Пробиштип и Кочани се супспектни на ковид-19.
Во статистиката за вчерашниот ден, пак имаше информација дека од Ковид 19 се починати две лица на 80 годишна возраст.
Во текот на вчерашниот ден, отпуштени како оздравени се регистрирани две лица, а пет лица се примени на болничко лекувања. На кислородна поддршка биле 20 лица. Заклучно со вчерашниот ден, 45 кревети се пополнети со пациенти, слободни се 11.
Вчера во Штип се регистрирани 50 ново позитивни на ковид 19 и во моментов активни се 346 случаи.