Македонија ја совлада Финска во Скопје и ги отвори со победа квалификациите за ЕП 2022 – ММС
ММС

Објавено на: 11/5/20 10:30 AM

Македонија ја совлада Финска во Скопје и ги отвори со победа квалификациите за ЕП 2022

Двата бода од воведниот дуел во квалификациите за Европското првенство во 2022 година се освоени. Финска падна во Скопје откако македонската ракометна репрезентација со 32:24 славеше над Скандинавците.

Со исклучок на почетните десеттина минути од дуелот, каде што и двајцата селектори ги испитуваа силите и се играше „гол за гол“, Македонија беше подобриот противник и заслужено го освои целиот плен.

Како што одминуваше време, ракометарите на Данило Брестовац ја преземаа иницијативата и го зголемуваа водството. На полувреме отидовме со шест поени предност, а таа предност ја зачувавме и ја зголемивме за уште два погодоци до последниот свиреж на судијата.

Покрај победата и двата бода, позитивен аспект од мечот е добивањето минути на паркет на целиот ростер и сите ракометари повикани за овој дуел. Брестовац успешно комбинираше, без таквите чести ротации да влијаат врз играта и резултатот.

Најдобар стрелец во нашиот табор беше Кире Лазаров со постигнати 11 голови по поминати 40 минути на терен.

Следниот натпревар во квалификационата група, Македонија ќе до одигра на гости кај Швајцарија за два дена.