Сакале да ја исфрлат од авион поради големото деколте: Инфлуенсерка засрамена и понижена – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/20 9:37 PM

Сакале да ја исфрлат од авион поради големото деколте: Инфлуенсерка засрамена и понижена

Манекенката и инстаграм инфлуенсерка, Ева Џеј Мари тргнала на патување со авиокомпанијата Southwest airlines, но само што се качила во авионот и’ пришла една од стјуардесите и и’ рекла дека го крши нивниот кодекс на облекување.

Манекенката изјавила дека се почувствувала засрамено и понижено бидејќи за малку ќе ја исфрлеле од авионот поради преголемото деколте. Тaа била во авионот со својот десетгодишен син, кога и’ соопштиле дека ќе мора да се пресоблече.

„Кога ми се заканија дека ќе ме исфрлат ако не се пресоблечам, се почувствував засрамено и повредено. Чувствував дека другите жени ме осудуваат и дека зборуваат оти моите гради се навистина невкусни“, изјавила Џеј Мари за американските медиуми.

Таа додала дека тоа и’ било втор лет тој ден, но со првото летање немала никаков проблем во врска со облеката. Со оглед на тоа дека немала резервна облека за пресоблекување, стјурдесата и’ ја дала својата.

Морав нејзиниот џемпер да го ставам прекуградите – објаснила инфлунсерката.

 

Извор:        b92.net