Дамјан Манчевски, поранешниот министер за информатичко опшество и администрација неодамна објави дека се повлекува од политиката и дека наскоро ќе објави каде ќе биде неговиот следен ангажман. Пред малку на својот Фејсбук профил тој ја објави неговата нова функција а тоа е генерален менаџер на два компании.
-Назначен сум за генерален менаџер на двете компании на МАК-СИСТЕМ во Скопје и Белград. Компанијата произведува врвен софтвер за контрола на синџирот за менаџмент на крвни продукти, од донација до трансфузија. Компаниите се лоцирани во Лондон, Париз, Мадрид, Брисел, Чикаго, Франкфурт, Скопје и Белград, напиша меѓу другото Манчевски,
ММС го контактираше Манчевски за да го праша дали сосема се трга од политиката, дали му е жал за министерско место, како што очекуваше јавноста во новиот состав на владата и дали е ова навистина e тоа што сака да го работи.
-Да, да сосема ја напуштам политиката. Само човек кој не бил министер може да жали за министерско место. Среќен сум што сум дел од оваа компанија, моја бранша е, ни рече Манчевски.