Словенечкиот премиер Јанез Јанша утрово, преку порака на Твитер, веќе го прогласи американскиот претседател Доналд Трамп за победник на штотуку одржаните претседателски избори во САД.
„Веќе е јасно дека Американците го избраа Доналд Трамп за уште четири години. Колку повеќе одложувања и негации на фактите од центристичките медиуми, толку е поголем триумфот на претседателот Трамп“, сподели Јанша.
Потегот на Јанша не го коментираа од Европската комисија, а портпаролот само нагласил дека резултатите треба да се следат до крај, а пребројувањето на гласовите во САД траело уште.
.