Судските полицајци излегоа денеска на предупредувачки протест. Протестот се реализира под мотото „Стоп за селективна правда, правда ќе има за сите“
Почитување на правосилните пресуди, неменување на судската пракса по желба на некој, учество на преставници од независниот синдикат во донесувањето на одлуките измени во законот за судска служба, добивање бенифициран стаж и регулирање на додатоците за плата, донесување на подзаконски акт на министерот до 20% за сите судови, почитување на колективниот договор, се барањата на судската полиција организирана преку независниот синдикат на полицијата (НССП).
Протестот започна од пред Канцеларијата на КСОМ, прес-конференцијата се одржа пред Министерството за Правда.