Вклучување на средношколците во донесувањето на одлуки кои се однесуваат за нив, воведување на ученички приход кој би се делел на средношколци кои живеат во социјално загрозена средина, се само дел од прашањата за кои што денеска се дискутирало на првиот состанок на работното тело МЛАДИ-МОН, во кое е вклучен и Сојузот на средношколци.
На овој состанок всушност се дискутирало и разговарало за сите прашања од интерес на младите и образованието.
Демократизација на секое репрезентативно тело во училиштата со легитимни ученици како претставници е исто така било тема на денешниот работен состанок.
Донесена е одлука конкурсот за стипендиите за академската 2020/21 да биде целосно дигитален, т.е аплицирањето за стипендиите ќе се одвива електронски.
Со оваа работно тело, сметаат од Сојузот на средношколци, се реализира едно од барањата во политичката платформа -Учениците да бидат признати како еднакви партнери во донесувањето на одлуките, не само во училиштата, туку и во политиката и граѓанското општество, кога се носат одлуки поврзани со нив.
Претставник во работното тело од Сојузот на средношколците е претседателот на Сојузот Бленди Ходаи. Следниот состанок ќе се одржи на 23 ноември.