Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и актуелен селектор на велшката репрезентација, Рајан Гигс, обвинет е за насилство врз својата девојка.
Гигс во текот на вчерашниот ден е и упасен, но набрзо е пуштен на слобода по плаќањето на кауција.
Англиските медиуми наведуваат дека 46-годишниот Гигс ѝ навел телесни повреди на својата девојка во своите триесетти години, а полицијата реагирала по дојавата од соседите кои слушнале извици од нивниот дом.
Од неговото опкружување ги демантираа овие наводи и обвинувања, додека пак прес-конферецнијата на која селекторот Гугс требаше да го соопшти списокот на фудбалери за претстојните репрезентативни натпревари е откажаа.
Да се потсетиме, Рајан Гигс и претходно го следеа низа контроверзи. Пред осум години велшкото некогашно крило имаше афера со сопругата на неговиот помлад брат.