Еден од терористите во Австрија со потекло од Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/20 10:05 AM

Еден од терористите во Австрија со потекло од Македонија

Главниот Уредникот на австрискиот неделник „Фалтер“, Флоријан Кленк. сподели информација дека  еден од терористите кои синоќа во Виена извршија напад, при што убија четворица минувачи, а ранија најмалку 15 луѓе, е Албанец кој израснал во Австрија, а неговите родители се со потекло од Македонија.

Тој на Фејсбук напиша дека направил истражување за терористите:

„Неговото име е Куртин С., роден во 2000 година. На возраст е од 20 години. Роден и израснат во Виена, а има албански корени.  Неговите родители се од Северна Македонија и не биле свесни за исламистичките погледи на синот. Момчето пак, било на радарот на властите како еден од околу 90 австриски исламисти кои сакале да заминат за Сирија. Тој во јули бил спречен да го направи тоа. Полицијата не сметала дека тој може да изврши терористички напади во Виена“, пишува Кленк.

Генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф извести дека полицијата во моментов спроведува интензивна истрага во околината на напаѓачите.

„Насилно му го отворивме станот со експлозив и извршивме претрес“, рече Руф.

Тој им се заблагодари на граѓаните за повеќе од 20.000 поднесени видеа за нападот, додавајќи дека за кратко време биле анализирани 20 проценти.

фото:digi24