Здружението на судии на Република Северна Македонија денеска во Основниот граѓански суд и во Основниот кривичен суд во Скопје ќе промовира Протокол за спроведување на мерки за заштита од КОВИД-19 во судовите.
Протоколот е подготвен со техничка и финансиска подршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
– Проектната активност вклучи печатење на постери и флаери со преработена содржина која е едноставна за примена во практиката, информираат од Здружението на судии.